Битолски Пелистер е последната екипа која обезбеди пласман во полуфиналето на Македонскиот фудбалски куп, откако попладнево го совлада Вардар на домашен терен на пенали со 3:2 (0:0).
И покрај бројните шанси на двете страни, натпреварот во Битола заврши без голови, а „зелените“ го обезбедија пласманот во полуфиналето по голема заслуга на голманот Трајчевски, кој во пенал серијата ги одбрани ударите од белата точка на Глишиќ, Стојовски и Блажевски.
Претходно пласман меѓу четири најдобри екипи во Купот обезбедија Македонија ЃП, Струга и бранителот на трофејот, Силекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.