Легендарниот Пеле (80), еден од најдобрите фудбалери на сите времиња отпуштен е од болница, каде беше примен пред еден месец поради операција на „сомнителен тумор“, но тој ќе мора да оди на хемотерапија.

На Пеле му бил отстранет тумор на дебелото црево, а тој во болница беше примен на 31 август кога при рутинска контрола му бил откриен „сомнителниот тумор“ и четири дена потоа беше опериран.

-Едсон Арантес до Насименто утринава е пуштен од болница, неговата здравствена состојба е стабилна и ќе прима хемотерапија после отстранувањето на тумор на дебелото црево на 4 септември, објави клиниката „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

Пеле, кој има три светски титули со Бразил од 1958, 1962 и 1970 година пред две години заврши во болница поради уринарна инфекција, а во 2015 година имаше операција на простатата.

-Среќен сум што си одам дома, ви благодарам на сите што ми го разубавивте животот со пораките за поддршка, објави Пеле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.