Фудбалерите на Милан на гостински терен во Атина се поразени со 3-1 од тимот на Олимпијакос и поради полоша гол-разлика се елиминирани од Лига Европа, бидејќи и првиот меч на „Сан Сиро“ заврши со идентични 3-1.

По 0-0 на полувреме, домаќините за десет минути двапати го совладаа Реина и го најавија изненадувањето. Најпрво во 60. минута погоди Сисе, а потоа и Запата го матира сопствениот голман, за сигурни 2-0. Радоста на домашните фанови траеше до 72. минута, кога Запата се изваде за автоголот и намали на 2-1. Сепак, иако се очекуваше Милан да ја стабилизира својата игра, избраниците на Гатузо, во 80. минута направија пенал, кој сигурно го реализираше Фортунис и го трасира патот на својот тим кон нокаут фазата.

Во вториот натпревар од истата група, првопласираниот Бетис на гостински терен ремизираше против Дуделанж со почетните 0-0.

Во рамките на групата Б, фудбалерите на Селтик на домашен терен се поразени од Салзбург со 1-2 и малку фалеше да ја доживеат судбината на Глазгов, кој претходно беше елиминиран од Рапид Виена. За да не отпаднат и двата тима од Шкотска, на сметка на австриските клубови се погрижи Розенборг, кој на гости ремизира со 1-1 против РБ Лајпциг и го елиминира германскиот тим од понатамошните настапи во Европа.

Во натпреварите од групата Ц, Славија Прага ја оствари потребната победа против Зенит (2-0) и заедно со рускиот тим обезбеди пласман во следната рунда. Бордо на гостински терен славеше победа од 0-1 против Копенхаген, но на крајот таа се покажа доволна само за освојување на третото место во групата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.