Младиот фудбалер за врска Педри, наскоро ќе потпише нов договор со Барселона, а каталонскиот клуб планира во договорот да има откупна клаузула во вредност од една милијарда евра.
Новиот договор на Педри со Барселона ќе биде со важност до јуни 2026 година.
Барселона го купи Педри од Лас Палмас за пет милиони евра во септември 2019 година, кога фудбалерот имаше само 16 години. Тој сепак продолжи да настапува за својот матичен клуб.
Летото 2020 година, Педри се приклучи на каталонскиот тим и речиси веднаш стана стандарден првотимец.
На почетокот на оваа сезона, Педри се повреди и во моментов закрепнува од повредата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.