Откако по новиот позитивен тест на Ковид-19 стана јасно дека Кристијано Роналдо нема да биде можност да настапи за Јувентус во натпреварот против Барселона, Португалецот на социјалните мрежи го искажа својот очај од таквиот расплет.
ПЦР тестовите се ср*ње – напиша Роналдо.
Португалецот нема никакви симптоми на вирус и се води како асимптоматски случај, па иако напорно тренира во својот дом, следејќи ги протоколите, не смее да настапува во овој момент.
Се чувствувам добро и здраво! Форца Јуве, – порача Роналдо, испраќајќи порака до своите соиграчи на кои им посака успех во дуелот од Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.