По пауза од 16 години, Патрик Виера се враќа во Премиер лигата, овојпат како нов тренер на Кристал Палас, градскиот ривал на Арсенал со кој Французинот како фудбалер освои седум трофеи во периодот од 1996 до 2005 година.

Виера (45) потпиша тригодишен договор со Кристал Палас и на тренерското место ќе го наследи 73-годишниот Рој Хоџсон, кој четири години го водеше премиерлигашот од јужен Лондон.

Од јуни 2018 година до декември лани Виера седеше на клупата на францускиот прволигаш Ница.

Пред да ја почне тренерската кариера, Виера освои три шампионски титули и четири трофеи во англискиот ФА куп со Арсенал, додека со француската репрезентација беше светски првак во 1998, а ја освои и европската титула две години подоцна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.