Италија ќе се пресмета против Англија во недела од 21 часот на „Вембли“, но кај „аѕурите“ во моментов владее голема паника поради ковид-19.
Откриени биле три новинари од телевизијата „Раи Спорт“ кои се позитивни на ковид-19, а тие ги следат италијанските репрезентативци на Еуро 2020 и биле во нивните камп.
Двајца од новинарите пристигнале во Лондон заедно со „аѕурите“, а третиот бил со репрезентацијата во нивниот тренинг-камп, па засега не е откриено во колку близок контакт биле и со кои фудбалери.
Фудбалскиот сојуз на Италија го затвори тренинг-кампот и ги испрати фудбалерите на дополнителни тестови за да се дознае дали има позитивни членови на ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.