Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, најави голема борба на утрешниот дуел со Косово во полуфиналето од плејофот на Лигата на нации.
-Благодарност до сите кои помогнаа за моето доаѓање. Желбата на сите нас беше преголема јас да дојдам во Скопје. Концентриран сум на натпреварот. Атмосферата е одлична. Знаеме што ни носи овој меч. Жално е што ќе нема публика. Подготвени сме и се надеваме на победа. Сакав да играм пред полн стадион, но такви се околностите. Натпреварите во репезентацијата и во клубот не се исти. За мене ова е последна шанса да се пласирам на едно големо натпреварување. Ќе го оставиме срцето на терен. Гориме од желба да го израдуваме нашиот народ. Знаеме во каков период живее не само Македонија, туку целиот свет, изјави Пандев на денешната прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.