Горан Пандев, kапитенот на македонската фудбалска репрезентација во интервју за „LaGazzetadelloSport“ изјави што му се главните приоритети во моментов во кариерата.
Фудбалерот вели дека сака неговата Џенова оваа сезона да обезбеди опстанок во Серија А, а силно посакува со Македонија преку Лигата на нации да обезбеди настап на следното Европско првенство.
Не ми е лесно да влегувам во игра од клупата за резерви и да играм мала минутажа, особено не поради мојата возраст. Би сакал да продолжам да играм уште една година и потоа ќе заминам во пензија. Сакам да ја заокружам кариерата со пласман на Европското првенство со Македонија. Самиот ќе знам кога ми е доста од играње фудбал“ – вели Пандев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.