Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев доби одмор по пласманот на Европското првенство, по што се врати во Џенова, каде што го пречекаа како херој.
Сепак, Пандев со неговата изјава покажа дека е голем човек.
Национален херој? Не сум единствен, сите сме херои од репрезентацијата, тоа е заслуга на сите. Ова чувство е неверојатно, ми се оствари сонот по 20 години во репрезентацијата. Конечно постигнавме нешто за што Македонија сонуваше три децении – кажа Пандев.
Исто така, Пандев откри дека навивачите на Џенова со многу пораки му го честитале успехот со Македонија.
Добив илјадници пораки и им се заблагодарувам на сите, иако не успеав да им одговорат на сите – вели капитенот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.