Горан Пандев по победата со македонската репрезентација со која обезбедија пласман на ЕП во фудбал, се врати во Џенова, каде што го очекува нов предизвик – да ги сочува Грифоне во Серија А, што нема да биде мал предизвик.
При пристигнувањето во Италија, Пандев одговори на прашањата за тоа дали се чувствува како национален херој на Македонија.
„Национален херој? Не сум само јас херој, херои се сите во репрезентацијата. Успехот е благодарение буквално на сите. Ова чувство е нешто посебно, ми се оствари сонот. Светско првенство? Чекор по чекор. Сега сакам да се фокусирам само на Џенова, има време. Следниот сон е да ја однесеме Џенова на безбедност во Серија А“, вели Пандев.
Pandev: «L’Europeo un sogno un altro sarebbe salvare il Genoa» – #Pandev: #«L’Europeo #sogno #altro https://t.co/1Wz8JCGsft
— Zazoom Social News (@zazoomblog) November 15, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.