Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев со емотивна порака на Инстаграм ѝ се заблагодари на Џенова за се што поминаа заедно.

Италијанската „Газета дело Спорт“ објави дека Пандев е подготвен да одигра уште една сезона во дресот на Џенова, а од пораката на Пандев не може да се заклучи дали е ова и порака за збогум.

Година исполнета со многу емоции за мене и за Џенова како клуб. Опстанок, 100 гола во Серија А, 150 настапи во овој дрес. Би сакал сега да сум со вас, фанови на Џенова во овој момент и оваа радост заедно да ја споделиме. И ја посакувам сета среќа на Џенова во иднина, сега е време за Европското првенство со Македонија, напиша Пандев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.