Македонскиот репрезентативец Горан Пандев постигна гол за Џенова во поразот на гостувањето кај Аталанта со 2:1 во 36. коло на италијанската Серија А. Муса Бароу и Тимоти Кастањ донесоа предност на Аталанта од 2:0, а Пандев погоди во 88. минута и тоа беше конечниот резултат на натпреварот.
Аталанта изби на третото место на табелата и си ги зголеми шансите за место во Лигата на шампионите, а Џенова е дури на 16. позиција со 36 бода.
Извор: Спортмедиа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.