Македонскиот капитен Горан Пандев беше стрелец на првиот гол во сензационалната победа на Македонија во Дуисбург против Германија од 2-1 во квалификациите за Светското првенство.

Пандев е пресреќен по победата на македонската фудбалска репрезентација, а денеска испрати порака преку социјалните мрежи.

Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. Храбрите ги следи среќата. Со борба, верба и срце на терен, оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем респект, напиша Пандев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.