Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев вчеравечер преку „Инстаграм“ ѝ порача на македонската нација да биде со нив. Напиша дека оваа генерација фудбалери ја обедини цела Македонија и ги повика граѓаните да навиваат за нив.

Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство. Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера. МАКЕДОНИЈА да игра на едно вакво големо натпреварување. Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација. Сакам како капитен да ви се обратам на цела нација:
Оваа генерација е најсветото нешто на МАКЕДОНСКИОТ фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија. Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме Историја. Бидете со нас и навивајте за МАКЕДОНИЈА, напиша Пандев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.