Најдобриот македонски фудбалер во интервју за ТВ 24 зборува за проблемите во репрезентацијата и Федерацијата, како и за проблемите во македонското првенство.
Пандев вели дека нема амбиции да биде претседаел на ФФМ, но дека е подготвен да помогне за македонскиот фудбал да биде подигнат на повисоко ниво.
Според мене, моментално македонската лига е најаматерската и најнаместена, најнекоректна лига во цел свет. Лани, раководството го прекина првенствово. Ние вложивме 600.000 евра и денес сите ќутат, како е тоа можно – вели Пандев.
Тој обвинува дека има неколку луѓе коишто командуваат во нашата лига.
Да не навлегуваме многу со имиња, но кај нас се се знае однапред, кој ќе игра во Лигата на шампионите, кој во Лига Европа. Рака на срце, Шкендија да, сопственикот инвестира, има услови, но видете го Вардар во каква состојба е. Јас лично, сакам да видам проект, да знаеме зошто вложуваме. Не може 10 дена пред натпревар да се знае кој ќе и суди на Академија Пандев, сите си ќутат и никој ништо не зборува. Зошто е тоа така, треба да го прашаме претседателот. Видете кои луѓе одлучуваат за мак фудбалот и се ќе ви стане јасно. Не е нормално од прволигашите да нема делегати на Изборно собрание, да нема делегати од Шкендија, од Македонија ЃП, од Работнички, од други прволигаши, тоа е невозможно. Во Италија, претседател избираат клубовите од прва, втора и трета лига – вели Пандев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.