По деби настапот на ЕУРО 2020 македонските фудбалери се вратија дома. Денеска на скопскиот аеродром добија пречек од група на навивачи кои чекаа да се фотографираат и да земат автограм од фудбалерите, како и од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Во фокусот беше Горан Пандев.

Жал ми е што не освоивме барем еден бод. Бевме многу блиску но и далеку. Ови натпревари се тешки за играње. Имаше многу емоции, луѓето живееа со нас, жал ми е но се надевам дека оваа генерација ќе успее да постигне уште многу повеќе. За иднината, немам желба да бидам тренер, можеби ќе станам спортски директор или ќе почнам да работам со моите менаџери. Се уште немам донесено одлука, изјави Пандев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.