Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, најави големо изненадување за македонската јавност доколку денеска ја победиме Грузија и се пласираме на Европско првенство.
Заедно со соиграчите подготвивме големо изненадување за сите во Македонија, доколку успееме да славиме победа над Грузија. Но, во овој момент не сакам да откријам за што точно се работи. Прво да ја завршиме нашата работа, а потоа ќе следува изненадувањето, рече Пандев.
Натпреварот ќе се одигра денеска во 18 часот на стадионот во Тбилиси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.