Македонските фудбалери го кренаа на раце капитенот Горан Пандев по историската победа над Грузија со која нашата репрезентација првпат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Со победничкиот гол на Пандев во 56 минута, по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски, „црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.

Како на теренот, така и низ цела Македонија вечерва се слави. Петарди, свирки, песни на балкони – вечерва има за што да се остане буден!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.