Горан Пандев и дефинитивно ја игра својата последна сезона во кариерата.

Тој тоа го потврди во своето последно интервју за италијанските медиуми, каде навести дека доаѓа време да се каже крај.

„Ова е мојата последна сезона дефинитивно. Во иднина, јас не се гледам како тренер на некоја екипа, можеби како некој менаџер или нешто блиску до фудбалот, но тренер дефинитивно не“, порача Пандев.

Џенова деновиве доби тренерско засилување, до крајот на сезоната ќе ги води прославениот украински фудбалер и легенда, Андреј Шевченко, кој добро ја познава Серија А од времето кога го носеше дресот на Милан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.