Горан Пандев можеби го одигра последниот натпревар во клупската кариера. На вчерашниот меч против Каљари, македонскиот репрезентативец беше заменет во вториот дел.

Сепак, на неговото лице се забележа незадоволство од замената. Ветеранот како да не беше импресиониран што не доби шанса да одигра цел натпревар и достојно да се прости од фудбалските терени на клупско ниво.

Поради тоа камерите го уловија како фуриозно заминува во соблекувална и притоа го соблекува дресот од себе.

Легендата на македонскиот фудбал сезоната ја заврши со седум погодоци во Серија А. По Европското првенство размислува да замине во пензија, но и натаму ја нема донесено конечната одлука.

Македонија во Пандев ќе има капитен на првото големо натпреварување во својата историја ова лето.

Извор:Гол



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.