Силни напори беа вложени Пандев да се „извлече“ од карантинот на Џенова и да допатува во Македонија за утрешниот натпревар против репрезентацијата на Косово.
Сакам најпрво да им се заблагодарам на сите кои помогнаа за моето доаѓање во Скопје. Најзаслужни се селекторот, генералниот секретар на ФФМ, па и директорот во Џенова. Знаеме колку беше тешко. Желбата на сите во репрезентацијата и македонската амбасада во Италија на крајот исто така пресуди и нивната борба да дојдам да играм. Има и луѓе кои воопшто не ни прашаа каква е ситуацијата. Како е Горан? Дали има потреба да се помогне, да пуштеа барем една порака. Но добро, зафатени се со градење терени, па го оставаме сега тоа, истакна Горан Пандев на денешната прес-конференција, пренесува порталот „Екипа“.
Тој вели дека фудбалерите знаат што носи овој натпревар. Дека се искусни и подготвени за тоа што ги чека. Клупските и репрезентативните натпревари се сосема различни. Сите знаеме што значи да се носи репрезентативниот дрес, изјави Пандев.
За мене ова е последна шанса да играм на големо натпреварување. Огромна е желбата да победиме и да подариме радост на нашиот народ, посебно низ овој лош период во светот. Јас, едноставно живеам за овој натпревар. Знам дека сите ние ќе го оставиме срцето на терен, па нека победи подобриот, вели Пандев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.