Фудбалската репрезентација на Македонија има сензационално водство (0-1) против четирикратниот светски првак Германија на полувреме на арената во Дуисбург.

Капитенот Горан Пандев во 45.минута успеа да го совлада Марк Андре Тер Штеген, по одличната акција на Аријан Адеми.

Македонската репрезентација има водство на полуврме против Германија во Дуизбург.

Македонија одлично го отвори мечот, игра организирано и не и дозволи многу шанси на германската репрезентација, а спорадично се закануваше.

Најпрво во 35-та минута имавме одлична шанса, но со крајни напори одбрани Тер Штеген, а голот за водство стигна во последната минута од полувремето преку капитенот Горан Пандев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.