Откако во дел од медиумите се појавија информации дека нашиот прославен фудбалер Дарко Панчев изгубил седум милиони евра во „Еуростандард банка“ нашиот ас се јави со демант.Тој во изјава за „Фокус“ вели дека нема пари во банката и оти не знае како некој може да се сити на нечија мака, па и да пласира невистини поврзани со темава.
Не може тоа така, да се пласираат лаги, а да се нема одговорност. Луѓето читаат, а многумина од читателите не ни гледаат кој е потпишан под тој текст, дали медиумот кој што објавил законски функционира и работи според новинарската етика за точно известување. Од описот објавен за штедачот, јасно е дека многумина донеле заклучок дека се работи за мене, што е апсолутна невистина-изјави Панчев за „Фокус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.