Вистинска трагедија во текот на денешниот ден се случила на стадионот на Лориен на кој клубот го пречека Рен во рамките од 16. коло од францускиот шампионат.

Веднаш по натпреварот починал еден од луѓето вработени за одржување на стадионот откако врз него паднала конструкцијата која го држи осветлувањето со кое се грее теренот по крајот на секој натпревар.

По целиот инцидент работникот кој бил на 38 години веднаш бил префрлен во болница каде за жал им подлегнал на повредите.

Фудбалерите на двата тима биле сведоци на целиот инцидент затоа што не го напуштил естадионот, а за целата ситуација со краток коментар излезе и тренерот на Рен, Жулиен Стефан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.