Катарскиот фудбалски клуб Ал Саад ги договори сите услови со Барселона и веќе нема пречки тренерот Чави Ернандез (41) да седне на клупата на каталонскиот клуб во кој остави длабока трага како фудбалер.
Ал Саад изминатите денови ги одолговлекуваше преговорите со Барселона, но договорот конечно е постигнат и легендата на Барселона се враќа на Ноу Камп, во тимот со кој како фудбалер освои 25 трофеи.
Ал Саад се согласи на трансфер на Чави во Барселона, откако е исплатена клаузулата предвидена во договорот. Со Барселона договоривме практична соработка во иднина. Чави е важен дел од историјата на Ал Саад. Му посакуваме многу успеси во следната фаза од кариерата – соопштија од катарскиот клуб.
Чави на клупата на Барселона доаѓа на местото на Холанѓанецот Роналд Куман, кој минатиот месец доби отказ по серијата слаби резултати. Во меѓувреме, тимот привремено го предводеше тренерот на вториот тим на Барселона, Серхи Бархуан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.