Црвена Звезда се уште не активирала ни една сериозна зимска бомба, а се очекува дека тоа може да биде Душко Тошиќ.
Враќањето на искусниот дефанзивец е сон на навивачите на црвено белите, а сега зборувал за Спортски журнал и истакнал дека од шампионот на Србија не добил понуда, но дека седел со првите луѓето на клубот.
Неодамна бев на состанок со генералниот директор Звездан Терзиќ и спортскиот директор Митар Мркела. Разговаравме, постои обостран интерес, ама се остана на тоа…После разговорот со Терзиќ и Мркела одбив две многу поволни понуди од Турција – рекол Душко, не сакајќи јавно да призне дека назад го сакал и славниот Бешикташ.
Потоа појасни.
Од Црвена Звезда не добив никаква конкретна понуда. Не можам да потпишам нешто што не сум добил – вели Тошиќ за Журнал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.