Вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува лидерот во нашата квалификациска група „Г“, Полска, која во трите меѓусебни дуели со нас има две победи и едно реми, а селекторот Ангеловски реши акцент на вечерашната пресметка да стави на средниот ред.
Токму во играта на средината популарниот „Мрме“ ја гледа шансата која Македонија вечерва треба да ја искористи, па така во тој дел од теренот според почетниот состав кој веќе е познат ќе играат дури петмина, а генерално формациската поставеност е 3-5-2.
Во нападот ударното дуо Пандев и Несторовски ќе се обидат да донесат погодоци за нашиот состав, а кај гостите главна ѕвезда во составот е секако капитенот на тој состав Левандовски кој ќе игра осамен во нападот, а веднаш зад себе ќе ги има Франковски, Зјелински и Гросицки.
Македонија: Димитриевски, Муслиу, Алиоски, Пандев, Ристовски, Велковски, Бејтулаи, Николов, Барди, Елмас и Несторовски.
Мечот во Скопје ќе го суди италијанскиот арбитар Џанлука Роки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.