Како што веќе јавија домашните медиуми, денеска на мечот од пионерската лига помеѓу Њу Старс и Вардар за влакно било избегната трагедија. По еден остар старт, голманот на Вардар, Кристијан Китановски загубил свест, се струполил на теренот и речиси бил мртов.

Сепак, благодарение на брзата и присебна реакција на докторот на Њу Старс, тој бил вратен во живот и итно пренесен во болница од каде по детални прегледи е пуштен на домашно лекување.

Докторот кој го спасил младото момче е Јордан Манасиевски, специалист кардиолог кој работи како клупски доктор во Њу Старс, јавува Спортклуб.мк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.