Авионската несреќа од 21 јануари, во која животот го загубија новото засилување на Кардиф, Емилијано Сала и пилотот на авионот, Дејвид Иботсон, добива нова димензија.
Според информациите до кои стигна „Би-Би-Си Велс“, пилотот на малиот авион „Пајпер Малибу“ кој се урна во Ла Манш немал лиценца за летање во ноќни услови затоа што бил далтонист.
Ќе се почека уште речиси една година за Агенцијата за Цивилно воздухопловство од Британија да го даде комплетниот извештај за оваа несреќа. Се дотогаш, од Агенцијата потврдија дека нема да излегуваат со коментари на оваа тема во јавноста.
Инаку, Иботсон не требало да го носи Сала за Кардиф затоа што менаџерот кој беше вклучен во неговиот трансфер, Вили Макај, побарал Аргентинецот да биде однесен од неговиот пилот Дејв Хендерсон. Сепак, Хендерсон работата му ја препуштил на Иботсон кој не бил специјализиран за подолги летови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.