УЕФА соопшти вечерва официјално дека натпреварот меѓу Данска и Финска во Копенхаген во рамки на ЕУРО2020 е прекинат, откако фудбалерот на данската репрезентација Кристијан Ериксен колабираше на теренот.
– Натпреварот во Копенхаген е прекинат поради итна медицинска помош, објави УЕФА на својот официјален Твитер профил.
Навивачите сè уште се на трибините на стадионот „Паркен‘ но речиси е извесно дека натпреварот вечерва нема да биде доигран.
Воведниот натпревар во рамки на групата Б на ЕУРО2020 беше прекинат во 40. минута кога Ериксен одеднаш колабираше на теренот, а лекарската служба веднаш почна со негова реанимација.
Додека траеше лекарската интервенција, соиграчите го опкружија телото на Ериксен за да ги спречат камерите да снимаат, но можеше да се забележи дека медицинскиот тим е во постапка на реанимација.
Данските и финските репрезентативци, како и навивачите, останаа шокирани од сцените, а на лицата на многумина можеа да се забележат и солзи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.