Комити Скопје ја објавуваат приказната за Алек, осум години, кој за роденден место торта и подароци, побара од родителите да купат 47 билети за спас на фудбалскиот клуб Вардар.

Приказната продолжува со тоа што Алек дојде на тренингот на Вардар и фудбалерите му приредија едно мало изненадување. Му подарија фудбалска топка на која сите го ставија својот потпис, и направија фотографија која вечно ќе се памети и ќе служи за пример.

Дали се сеќаваме на трогателната приказна за малиот Алек? Детето јунак, кое на својот осми роденден го одбра ВАРДАР наместо торта и подароци, па родителите изненадени, ‘беа принудени’ да му купат 47 Билети за спас на Вардар, и со тоа да го запишат неговото име во Вардаровата клубска историја.
Приказната не е завршена…
Денес Алек дојде на тренингот на Вардар и фудбалерите му приредија едно мало изненадување. Му подарија фудбалска топка на која сите го ставија својот потпис, и направија фотографија која вечно ќе се памети и ќе служи за пример како секој од нас, без оглед на годините и статусот, со мал свој чекор водени од срцето, можеме да направиме големо дело, и фронтот за спас на нашата љубов Вардар, да направиме да биде непробоен како најсилна тврдина.
ЗА АЛЕК !
ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ !

Дали се сеќаваме на трогателната приказна за малиот Алек? Детето јунак, кое на својот осми роденден го одбра ВАРДАР…

Posted by Komiti Skopje on Thursday, 8 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.