Душко Тошиќ се најде во центар на скандалот поради порно аферата на сопругата Јелена Карлеуша, но наводно и тој не е безгрешен. Имено Душко не седел со скрстени раце туку, како што тврди извор близок до парот, пред нешто помалку од една година, на сите начини се обидувал да ја освои манекенката Јована Швоња, жена на фудбалерот и колега Филип Ѓорѓевиќ.
Како што тврди извор близок до семејството Ѓорѓевиќ, се почнало со порака на Инстаграм, која Тошиќ ја упатил на зафатената Јована, не насетувајќи дека таа ќе го одбие.
Откако ја знам Јована, скоро да не постои фудабалер кој не и се додворувал и кој не и пришол. Сепак таа откако се омажи за Филип, целосно се промени и ниту на еден начин не е достапна на додворувачите. Јована пораката на Душко ја видела после неколку дена. Тој и споделил и снимка која ја симнал од нејзиното стори на кое таа игра и и напишал дека во скоро време не видел нешто поубаво. Јована не можела да верува што гледа и неколку пати влегувала на неговиот профил како би проверила дали е лажен. Тогаш решила се да му каже на сопругот – рекол изворот и додал дека откако манекенката го изигнорирала, тој станал уште понападен.
Филип не реагирал, бидејќи знае што прават фубалерите, додека ситуација не се влошила. Имено Душко го нашол телефонот на Јована, и праќал пораки и сакал да и испрати подарок кога дошла во Белград. Тогаш Јована се изнервирала и се му кажала на Филип, по што фудбалерот ги зел работите во свои раце и го предупредил колегата да престане со безобразното однесување.
Филип веднаш му се јавил на Тошиќ и го замолил да ја остави жена му на мира и да не се однесува како попален тинејџер. Во прв момент Тошиќ му се правдал дека не се работи за него, но Филип бил дециден и му објаснил на Душко дека ако продолжи со глупирањето, ќе има големи проблеми. Од тој момент Душко веќе не и се јавил на Јована и ситуација била решена – додал изврот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.