Синиша Михајловиќ со силни емоции на саботната прес-конференција и откри на јавноста дека боледува од леукемија и дека го чека жестока и најважна битка во животот, вест која буквално ја потресе цела фудбалска сфера, но секако и фудбалските фанови кои се солидаризираа на социјалните мрежи.

Популарниот Миха цели два дена добива безброј пораки за поддршка од сите страни ширум светот, а во истите се вклучени угледни работници во фудбалот, поранешни играчи кои ги тренирал и кои никогаш не ги тренирал, но и обичните фанови кои сега Србинот не ги заборави во емотивното писмо кое го испрати преку „Газета дело спорт“.

Има моменти во животот кога се соочувате со тежок ривал, или со проблем кој тешко се решава. Јас сега доживувам таков момент, но се чувствувам посебно поради тоа што дознав дека не сум сам во оваа битка. Дознав дека крај мене имам огромна поддршка. Во овие денови, добив море полно со љубов, солидарност, позитивна енергија која направи да се регенерирам и која ме увери дека ќе ја добијам оваа битка со леукемијата. Добив илјадници пораки, ве уверувам дека ги прочитав сите, една по една. Секоја порака претставуваше галење за мене, значеше прегратка и ме допре до срцето. Ова беа тешки денови, се извинувам ако не одговорив на некого, но истовремено ви благодарам на сите. Благодарам за блискоста која ја покажаа одговорните на Болоња, играчите кои сум ги тренирал, но и оние кои не сум ги тренирал, а покажаа огромен респект и ми порачаа „Форца мистер“. Благодарност до тифозите на моите клубови и на оние кои беа мои противници. Многумина што ме критикуваа во минатото, сега се на моја страна, побараа да не се предавам. Благодарност до цел фудбалски свет, благодарност до обичните луѓе, до оние кои не се познати. Оние што ме познаваат, знаат колку ги ценам сите. На пример, една порака од анонимно момче направи да имам огромна насмевка на лицето. Сите вие сте важни. Благодарам, благодарам, благодарам. Останав без солзи и сега сум подготвен за битката. Се гледаме наскоро – порачува Миха.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.