Грција вчера испратила реакција до УЕФА по повод дресовите со кои ќе настапи македонскиот фудбалски национален тим на престојното ЕУРО 2020.
Грците реагираат на амблемот на дресовите во кое стои ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија), а ја нема додавката Северна.
Денеска со реакција се јави и МНР Бујар Османи кој кажа дека ФФМ нема обврска да се прилагоди според Договорот од Преспа.
ФФМ е независна и непрофитна организација која во централниот регистар е регистрирана како здружение кое не прима државни пари. Договорот од Преспа опфаќа институции кои примаат државни пари. И се додека ФФМ не прима државни пари, нема обврска да го прилагоди своето име според Преспанскиот договор. Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои прашуваат зошто не е НМК, но тој код е само за регистарските таблички, според Преспанскиот договор – кажа Османи на прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.