Португалските власти денеска спровеле голема акција, извршена е рација во домовите на суперагентот Жорж Мендеш, домот на легендарниот Икер Касиљас како и канцелариите на Порто, Бенфика и Спортинг.

Повеќе од 180 полицајци и преку 100 даночни инспектори денеска вршеле рации на преку 80 локации како дел од операцијата „Офсајд“ во која се истражува затајување на данок во фудбалот во Португалија.

Како што пренесуваат медиумите, во потрага на документација бил вршен претрес во домот на суперагентот Жорж Мендеш, како и канцелариите на неговата агенција во Порто и Лисабон.

Била извршена рација и во домот на легендарниот Икер Касиљас, како и уште многу други фудбалери, агенти и директори. Полиција и даночни инспектори посетели и бројни клубови од првата лига, помеѓу кои и трите најголеми, чешлани биле канцелариите на Порто, Бенфика и Спортинг.

Се верува дека истрагата била отворена уште пред неколку години и тоа благодарејќи на документите од „Фудбал ликс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.