Ветеранот од Брегот на слоновата коска, Јаја Туре повеќе не е фудбалер на грчки Олимпијакос откако клубот решил да го раскине неговиот договор. Летово Јаја стигна во Атина како големо засилување за грчкиот тим, но неговата епизода траеше само 3 месеци.

Во септември тој го потпиша договорот со Олимпијакос, но сезонава имаше само 5 настапи за клубот со 222 минути минати на терен.

Договорот со Туре беше потпишан на една година, со годишна плата од 2,5 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.