Манчестер Јунајтед го соопшти името на новиот менаџер откако вчера Жозе Мурињо доби отказ од клубот.
Можеме да потврдиме дека Оле Гунар Солскјер е именуван за менаџер до крајот на сезоната 2018/2019. Мајк Фелан ќе му се придружи како тренер на првиот тим, заедно со Мајкл Керик и Киран МекКена, објави Јунајтед.
Норвежанецот во клубот од „Олд Трафорд“ помина 11 сезони, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.