Пари Сен Жермен го комплетираше трансферот на Идриса Гејe од Евертон. Според извештаите на медиумите, трансферот е вреден 32 милиони фунти.
Сенегалецот, кој потпиша договор за четири сезони, стана 53-тиот Африканец кој ќе ги брани боите на парижаните.
Горд сум што потпишав за ПСЖ. Ова е еден од најдобро структурираните и најамбициозни проекти во Европа. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата и да се интегрирам во овој талентиран состав, рече 29-годишниот играч од средниот ред.
Идриса Геј помина три години на „Гудисон Парк“, откако забележа 108 натпревари и четири гола во дресот на Евертон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.