Само неколку часа откако Арсенал го објави новото засилување од Реал, Дани Себалос, „топџиите“ излегоа со уште една објава за најновото засилување, Французинот Вилијам Салиба.

Станува збор за 18-годишниот играч на Сент Етјен, стандарден член на младата репрезентација на Франција, кој лани дебитираше во првата лига, а сега веќе има 16 настапи со најтрофејниот француски клуб.

Арсенал не објави детали за висината на износот на договорот, па медиумите во Англија шпекулираат со бројка од 27 милиони евра и бонуси, како и дека следната сезона тој ќе остане во Сент Етиен како позајмен играч.

Француските медиуми го споредуваат младиот Французин со Рафаел Варан, а јавуваат и дека освен Арсенал за бекот бил заинтересиран и градскиот ривал Тотенхем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.