Англискиот тренер Стив Брус официјално е назначен за главен тренер на Њукасл со кој потпиша 3-годишен договор. Сопственикот Мајк Ешли му плати оштета од 4 милиони фунти на Шефилд Венздеј за неговите услуги.

Заедно со 58-годишниот стратег, кој исто така е и фан на клубот, ќе работат неговите долгогодишни асистенти Стив Агну и Стивен Клеменс.

Јас сум среќен и многу горд што сум во можност да бидам главен тренер на Њукасл Јунајтед. Ова е клубот што го поддржувам од дете, исто така клуб на мојот татко, така што она што се случува е многу посебен момент за мене и за моето семејство. Очекуваме сериозен предизвик, но јас и мојот тим сме подготвени за тоа. Ние ќе ги засукаме нашите ракави и ќе се потрудиме да направиме навивачите да се гордеат со тимот, истакнал Брус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.