И официјално, Клаудио Раниери е наследникот на Еузебио ди Франческо на клупата на Рома откако искусниот стратег ги прифати условите на раководството на „римската волчица“. Раниери е единствениот од кандидатите кои се согласи да потпише договор до крајот на сезонава, со клаузула за автоматско продолжување доколку обезбеди место во Лигата на шампионите.
Тој попладнево пристигнал во тренинг-центарот Тригорија, каде ќе го одржи и првиот тренинг со екипата. Раниери веднаш се соочува и со првиот проблем, централниот дефанзивец, Костас Манолас заработи повреда поради која ќе паузира најмалку 20 дена. Грчкиот интернационалец ќе ги пропушти дуелите со Емполи и со СПАЛ, а Раниери се надева дека ќе го има во тимот за дербито со Наполи закажано за 30 март.
Рома моментно се наоѓа на петтото место на табелата со 44 бода, три помалку во однос на четвртопласираниот Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.