Словенечкиот голман на Атлетико Мадрид, Јан Облак потпиша нов договор со шпанскиот клуб, соопшти клубот на својата веб страна. Новиот договор ќе го задржи одличниот чувар на мрежата на „Ванда Метрополитано“ до 30 јуни 2023 година.

Облак пристигна во клубот летото 2014 година, кога тимот од Мадрид го купи од Бенфика. Поранешниот голман на Олимпија Љубљана веќе има 203 натпревари во дресот на Атлетико, а во 115 од нив ја сочувал својата мрежа.

Облак е избиран за најдобар фудбалер на Словенија во изминатите 4 години, а во сезоната 2015/16 и сезона 2016/17 влеле и во идеалниот тим на годината на Лигата на шампионите. Во сезоната 2017/18, пак, е дел од идеалниот тим на годината на Лига Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.