Македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски на голема врата се враќа во најелитното италијанско натпреварување, Серија А откако денеска и официјално потпиша за Удинезе.
Напаѓачот од Прилеп стави потпис на тригоишен договор со тимот кој се натпреварува на легендарниот „Фриули“ стадион.
Несторовски помина три успешни сезони на Сицилија во дресот на Палермо, но откако клубот беше исфрлен во четвртата лига, популарниот Нестор-гол стана слободен агент и без проблем го реализираше трансферот во Удине.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.