Арсенал и официјално го објави на клупскиот сајт трансферот на поранешниот дефанзивец на Челзи, Давид Луиз. Дефанзивецот потпиша 2-годишен договор со клубот од Северен Лондон.
🔵➡️🔴
So good to have you in north London, @DavidLuiz_4 😎
🇧🇷 #BemvindoDavid pic.twitter.com/1NDhcPkTzF
— Arsenal (@Arsenal) August 8, 2019
Трансферот беше објавен по официјалниот крај на трансфер-прозорецот, кој заврши во 18 часот по македонско време. Сепак, двата клуба веќе го завршиле делот околу документацијата и го финализираа договорот.
Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, кој веќе соработуваше со Луиз во Пари Сен Жермен, ги сподели своите очекувања по трансферот.
Давид има огромно искуство и јас со нетрпение очекувам повторно да работам со него. Тој е добро познат играч кој додава стабилност на нашата одбрана, рече Емери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.