Луис Енрике веќе не е селектор на шпанската репрезентација поради лични проблеми. Оваа вест беше објавена на вонредна прес-конференција која беше повикана од Луис Рубиалес, претседател на фудбалската федерација.

Поранешниот тренер на Барселона минатото лето ја презеде „фуријата“, но во последниве неколку месеци тој не го предводеше тимот поради проблемите во прашање, за кои не се знае какви се точно.

Енрике ни кажа дека не може да продолжи. Му благодариме за завршената работа, а вратите за него се секогаш отворени, рече Рубиалес.

Неговото место ќе го заземе неговиот поранешен помошник, Робер Морено, кој ја водеше Шпанија во последните три натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.