Екипата на Манчестер Јунајтед го официјализираше својот прв летен трансфер. Клубот потпиша со играчот за врска Дони ван де Бик од Ајакс. 39 милиони евра плус 5 милиони евра во клаузули ќе бидат платени за тоа. 23-годишниот холандски репрезентативец ќе игра за англискиот клуб во следните пет сезони со опција за уште 12 месеци. Неговата неделна плата ќе биде 120.000 евра.

– Не можам да опишам каква неверојатна можност е да заиграм во клуб со толку голема историја. Сакам да им се заблагодарам на сите во Ајакс. Сега сум подготвен за следниот чекор во мојата кариера и да играм на највисоко ниво. И нема повисоко ниво од стандардите на Манчестер Јунајтед. Тимот има едни од најдобрите играчи од средниот ред во светот и знам дека исто како што сакам да учам од нив, така и јас можам да придонесам за класата на тимот, изјави Ван де Бик.

Тој е производ на академијата Ајакс. Дебитираше за првиот тим во 2015 година. Во 2017 година играше во финалето на Лигата на Европа, во кое холандскиот тим загуби од Манчестер Јунајтед, а во 2019 година ја имаше главната заслуга за пласманот на тимот за полуфиналето од Лигата на шампионите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.