Уругвајскиот одбранбен фудбалер, Диего Годин е нов играч на Интер. Италијанскиот клуб преку Твитер ја објави веста за новото засилување.

Годин ја заврши соработката со Атлетико откако неговиот договор истече по завршувањето на сезоната 2018/19 и тој во Милано доаѓа како слободен агент.

Триесет и тригодишниот Уругваец минатата сезона одигра 39 натпревари за Атлетико, постигна четири гола и забележа три асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.