Италијанскиот фудбалер Даниеле де Роси и официјално му се приклучи на тимот на Бока Јуниорс како слободен играч, потврди аргентинскиот клуб. Во изминативе две децении, Де Роси, го носеше дресот на Рома.

Во мај, ветеранот за последен пат беше капитен на „волците“ во победата над Парма од 2-1 на „Олимпико“. За 18 години, играчот од средниот ред одигра 616 натпревари во дресот на римјаните.

Даниеле де Роси го освои Купот на Италија во 2007 и 2008 година. Тој има 117 натпревари за италијанската репрезентација. Во финалето на Светското првенство 2006, Де Роси влезе како резерва во вториот дел, помагајќи на Италија да ја совлада Франција по пенали по 1-1 во регуларното и дополнителното време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.