Тимовите на Атлетико Мадрид и Бенфика официјално го објавија трансферот на 19-годишниот Жоао Феликс. Износот на трансферот е 126 милиони евра, откако беше активирана откупната клаузула на тинејџерот.
Ова е рекорден трансфер за клуб од шпанската престолнина, како и за Бенфика. Така, Феликс стана најскапиот Португалец, надминувајќи го Кристијано Роналдо, кој замина за Јувентус за 117 милиони евра.
Ова е петти најскап договор во историјата на фудбалот по оние на Нејмар, Килијан Мабе, Филипе Кутињо и Усман Дембеле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.